Двајцата пациенти кои добија бубрег од починат донор се чувствуваат добро – ММС
ММС

Објавено на: 05/31/21 1:58 PM

Двајцата пациенти кои добија бубрег од починат донор се чувствуваат добро

Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починатиот донор се чувствуваат добро, соопшти Министерството за здравство.

Трансплантацијата беше извршена кај 44-годишен маж кој бил на хемодијализа и кај 30-годишна жена која била на перитонеална дијализа.

Во процесот на трансплантација на бубрези учествуваа моите колеги од Клиника за нефрологија -проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ. Од Клиниката за урологија д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплатација на бубрези. Анестезијата ја водеа д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска. Во процесот учествуваа од Институт за трансфузиона медицина проф. д-р Кочо Димитровски, биолози Персида Кадиева и Симона Караџовска“, соопшти министерот Венко Филипче.

Пациентката која ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираа д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.

О.К.