Две лица загинаа, а најмалку 22 се повредени во пукање во еден клуб на Флорида, соопшти полицијата.
„Полицијата трага по напаѓачите кои пукаа во еден клуб во Флорида. Најмалку две лица беа убиени и најмалку 20 повредени “, рече директорот на полицијата во Мајами-Даде, Алфредо Рамирез Трети. Бел Nissan Pathfinder запрел пред билијард клуб во близина на Хиалеа во неделата од 12 до 13 часот, додаде Рамирез.
“Три лица излегле од возилото со пушки и пиштоли и започнале неселективно да пукаат кон толпата”, рече полицискиот директор.
I am at the scene of another targeted and cowardly act of gun violence, where over 20 victims were shot and 2 have sadly died. These are cold blooded murderers that shot indiscriminately into a crowd and we will seek justice. My deepest condolences to the family of the victims.
— Alfredo “Freddy” Ramirez III (@MDPD_Director) May 30, 2021
Повредените се пренесени во болниците во областа. Најмалку еден од хоспитализираните се наоѓа во критична состојба, соопшти полицијата, а пренесува CNN.
“Овој вид на насилство со оружје мора да престане. Истата работа секој викенд. Ова е насочено. Ова сигурно не е случајно”, рече Рамирез.
Преземено од: https://dnevnik.hr/