Протести се одржуваат ширум Бразил за начинот на кој администрацијата на претседателот Јаир Болсонар се справи со кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.
Илјадници демонстранти се собраа пред зградата на Конгресот во Бразил барајќи повлекување на претседателот и повеќе вакцини против Ковид 19, пренесува Срна.
Демонстрантите ја обвинуваат владата за геноцид поради нејзиниот погубен одговор на пандемијата. Ковид-19 однесе речиси половина милион животи во Бразил.
„Денес е одлучувачка пресвртница во борбата за пораз на геноцидната администрација на Болсонар“, рече Силвија де Мендоса, активист за граѓански права.
Освалдо Базани де Силва, 48-годишен фризер, кој го загуби својот помлад брат поради Ковид-19, рече: „Повеќе не можеме да ги губиме животите на Бразилците. Ние мора да излегуваме на улица секој ден додека оваа влада не падне“, пишува „Гардијан“.
Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува „Геноцидот на Болсонаро“ и носат слики од нивните блиски починати од Ковид 19.
Демонстрации се одржуваат и во неколку други поголеми бразилски градови, вклучувајќи го и Рио де Џанеиро. Поддршката за Болсонаро опаѓа поради неговиот одговор на пандемијата.
Скоро 460 000 луѓе починаа во Бразил од почетокот на пандемијата, што е највисоко во светот по САД. Повеќе од 16 милиони луѓе се заразени со вирусот.
Британскиот „Би-Би-Си“ наведува дека демонстрациите претставуваат дополнителен притисок врз Болсонаро, бидејќи Сенатот спроведува истрага за начинот на кој неговата администрација ја реши кризата и програмата за бавна вакцинација.
Опозициските партии, синдикатите и социјалните движења го обвинуваат Боисонар за одложување на програмата за имунизација и за игнорирање на последиците.
Преземено од: https://www.blic.rs/
Фотографија: EPA