Режисерот Мирослав Мика Алексиќ кој од 16. јануари се ноаѓа во притвор поради обвинение од негова студентка за силување и недозволени полови дејствија, има сериозни срцеви заболувања.
Како што пишуваат српските медиуми, адвокатот на Мика изјавил дека режисерот не се чувствува добро и побарал да го прегеда кардиолог.
– Бараше да го прегледа притворискиот кардиолог и по анализите кои ги направи му кажал дека неговото срце е во тешка состојба. Не е ниту малку добро, вели Зоран Јаковлевиќ, адвокатот на Алексиќ.
– Алексиќ во изминатиов период носеше холтер кој 24 часа му го мери срцето, пулсот и крвниот притисок. Вчера го тргна и ќе бараме да ни достават извештај за да можеме да побараме да се пушти во домашен притвор со адекватно лекување.
Извор и фото: еспресо.рс