„Тие што тепаа не можат да се наречат уставобранители, насилно да се влезе во домот каде што е пишуван тој Устав, да се обидете да ги тепате или убиете оние кои граѓаните ги одбрале да го претставуваат тој Устав, може да се нарече секако, но не и бранење на Уставот”, изјави поранешниот пратеник во Собранието, Павле Богоевски во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.
Тој вели дека многу го навредуваат тие што ја застапувале идејата за протестите што резултираа со влегување во Собранието, тепање и обид за убиство, а истите денеска не сакаат да разговараат за тоа што се случило.
„Велиш дека влезот не си го предводел, си предводел само протести, изини ама ова е елементарно не познавање за тоа што значат и што треба да значат протести. Ти имаш големо протестно искуство, и многу добро знаеш дека за секоја последица на протест организаторот одговара. Дури и вие да не сте го предводеле влезот, што направивте како организатори на протест за да го спречите влезот, ја ангажиравте радарската служба која треба да ја имате според закон за да спречи противзаконито дејствие? – Сосема друг муабет е за што тие луѓе треба да одговараат. Да зборуваме
за вашата одговорност како демек граѓански активисти и за вашата обврска да спречите кривично дело за време на протест или барем да се обратите до полиција и да побарате помош во тоа спречување? Што направивте вие?”, го праша Богоевски, гостинот во студио Богдан Илиевски.
На ова Илиевски врати со потсетување до Богоевски дека и тој има искуство со протетсите, со Шарената револуција.
„Во однос на организирање протести, ако лицитирате искуства, и ти имаш твое искуство. Правото на јавно собирање и искажување сопствен став е уставно загарантирано и во Уставот дури стои дека и не мора да го пријавиш протестот во полиција. Што сторивме откако се појавиле индиции?! – Во моментот кога се префрла оградата, јас сум во „Жена борец” на таа импровизирана бина со главата во раце, бидејќи бев опкружен со 15- 30 луѓе кои беа вознемирени во моментот, највеќе поради пеењето на туѓа химна во Собранието. Кога видов дека се префрли оградата, во тој момент сфатив дека работата излегла од контрола иако во тој момент немав ни претстава дека може да се влезе во Собрание. Јас не знам вратите какви заштити имале, јас тие работи ги дознав на суд. На крајот од вечерта не можев да зборам, со одземан говор. Бидејќи ми беше надвор од умот сето тоа што се случи, како се случи. Јас, да, носев вода и влегов внатре од страв дека некој може да скрши некоја
врата или прозор. Јас не знаев кој и каде е во Собрание, не ни знаев дека таа претстава постои. Смешни сте ми со тие фори дека сум носел вода, јас не се амнестирам од некаква одговорност. Но, да имаше некоја постапка фер, дури и според твоите полужестоки гледања на нештата требаше да се утврди кој какви одговрности има. Една е вистината, а други се емотивните и политичките конструкции на она што се случувало. Јас од она што сум го видел, чул но и сум го знаел за себе како дел од обвинението кое обвинителката “, одговори Илиевски.
„Како што велиш ти „јас не знам дека сум го сторил обвинението”, јас сметам напротив, поинаку мислам. Мислам дека си бил свесен за својата улога. Ти велиш дека полицијата е должна да реагира во случај на нарушување на јавен ред и мир, да полицијата е должна да реагира, но
исто така и организаторот на протести без разлика дали ќе го најави или не е должен да органзира редарска служба, која е должна прво да ги смири, а доколку не може да ги смири е должна да реагира кај полицијата. Како реагираше вашата радарска служба?”, праша Богоевски.
По прашањето Илиевски иронично му одговори.
„Редарската служба ја обезбедуваше ли канцеларијата на претседателот Ѓорѓе Иванов да не ја запали некој од шарените”, изјави Илиевски.
Паралелите се основен проблем зошто ние како држава после пет години не можеме да се договориме што воопшто се случило, а не па да научиме нешто од тоа што се случило и да одиме напред, евли Богоевски.
„Мислам дека можеме да се согласиме дека тоа што се случи, односно крајната манифестација не смее никако да се повтори. Фактот дека сеуште се расправаме, што воопшто се случило не спречува како нација, држава и луѓе еднаш засекогаш да го апсолвираме и еднаш засекогаш да го заборавиме и да се осигураме дека нема да се повтори. А паралелите и форите се бројки. Прво ќе се повикам за фората со водата дека си носел вода, да на социјалните медиуми тоа е вода, но јас зборам од аспект на правна квалификација, бидејќи во истиот момент ти како организатор на
протест ќе се приклучиш на местото на кривичното дело и нема да преземеш мерки за спречување, туку напротив ќе донесеш вода што е мерка за помагање ти си во најмала рака сооучесник во тоа дело. Еднш за секогаш треба да престанат ВМРО ДПМНЕ, да собираат поени на работи кои што се
сеуште свежи во националното сеќавање, треба еднаш засекогаш да се решат приоритетите и цврсто да стојат на тоа што ќе го решат, а не едно да зборат, а друго да прават како што постојано се случува”, вели Богоевски.
Кога еден прст покажуваш кон друг, имаш уште три прсти вперени кон тебе. Не може да постои мојата, апсолутната вистина и не постои ниту една друга вистина, вели Илиевски.
„Бидејќи Павле дента бил нападнат, удиран во тие немили настани и тоа е тоа. Бидејќи тој е жртва и се што ќе каже тој или ќе обвини тој, тоа е крајот на муабетот. Другарката на Павле од Шарена револуција, ни го пишуваше обвиниетието, а Павле пратеник од СДСМ. Вилма Русковска призна дека била член на Шарен револуција. Јас имам огромен основ за сомневање, бидејќи она што го пишала за мене е лага, јас знам дека е лага. Ако некој бил најзлоупотребен тоа била групата која се ашкала по затвори, притвори и оние кои сеуште се по затворите денес”, вели Илиевски.
Заклучува дека полицијата е обвинета за ненавремено постапување со инсинуација дека тоа ненавремено постапување било дел од некаков план. Тој потенцираше која била целта на протестите кои се одржуваа на „27 ми април”, а ескалираа со влегувањето во Собранието.
„Наша цел беше отфрлање на Тиранската платформа како политички документ, платформа која не е создадена во Македонија, туку во соседна држава, ги знаеме сите оние сцени во кабинетот на Еди Рама со претставниците на пратениците од Македонија. Изборите се случија пред Тиранската платформа, а Тиранската платформа се појави на Бадник или на Божиќ 2017 година, три недели после изборите. И таа платформа најави дека суштински го променила општестевно политичкиот дискурс во Македонија. Тоа беше нашиот аргумент, дајте нови избори со овој документ што сега ви е некаков лепак за формирање на Влада, понудете го и ако 51% од луѓето гласаат „ЗА” Тиранска платформа, јас може да не се согласувам, но се што ќе ми преостане потоа е да протестирам и да се бунам”, вели Илиевски.
Г.Д