Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија прославија шеснаесеттата годишнина од бракот на 22 јануари, а на нивната венчавка далечната 2005 година потрошија над милион долари!
Бракот со Меланија за Доналд беше трет по ред, по неуспешните со Ивана и Марла Мејплс.
Словенечката манекенка Меланија Кнаус не сакаше да ја почитува желбата на Доналд телевизиите ширум светот да ја емитуваат нивната венчавка, па се откажа од таа намера. Тој ја запроси со дванаесет каратен смарагден прстен и застанаа пред олтарот во Палм Бич, Флорида.
❤ Happy Anniversary! 💋 @MELANIATRUMP @realDonaldTrump pic.twitter.com/6MG3FJm50b
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) January 22, 2014
Меланија истакна дека целата церемонија ја организирала сама. Таа носеше венчаница од Диор од дури 91 метар свила, тешка 25 килограми. Ја чинеше скоро 150 илјади долари, а заврши на насловната страница на Вог!
Интересно е што Меланија немаше класичен букет, туку семејно наследство во форма на низа бели рози.
Свадбената торта беше многу екстравагантна, од дури седум ката и висока метар и половина!
Нивните пријатели тврдат дека Доналд бил заљубен до уши во Меланија и дека сакал да ја исполни секоја нејзина желба – и не прашувал за цена!
Извор: Стил.курир.рс