Со новата песна насловена „Отсекогаш“ групата Ареа донесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Музичката група го претстави својот најнов сингл денеска, а за него сними и видео спот под режисерската палка на Даниел Јовески.
-Снимањето се одвиваше на повеќе локации а најголемиот дел од кадрите се снимија во Маврово во црквата Св. Никола Летен – соопштија од Ареа.
Инаку, како актери во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески.