Групата „Манескин“, која победи на Евровизија сеуште е на врвот за озборување, особено фронтменот Дамјан Дејвид, рокерот кој настапи во штикли и шминка. Тие на сцената се појавија облечени во кожа, а за високите потпетици на Дамиано сè уште се зборува. Медиумите пишуваат дека само неговите чизми чинат 1.600 евра. Дамиано ги покажа за време на победничката конференција, кога ја крена ногата.
View this post on Instagram
Но, зошто толку се зборува за Дамиано и зошто жените толку го сакаат и покрај шминката, штиклите и феминизираноста? Жените велат – има нешто. За разлика од жените, мажите пак се чудат како е можно да им е интересен маж со штикли, шминка и обетки. ТикТок и другите социјални мрежи се полни со објаснувања: – Бидејќи стилот не ја одредува машкоста. Тој има силна машка енергија, потпетици и лак не можат да влијаат на тоа. Тој е рок-ѕвезда.
View this post on Instagram
Него на Инстаграм го следат 2,6 милиони луѓе, а жените полудеа по него иако на последната фотографија што ја објави држи чанта.
– Беше напорно последните денови, немав време да запрам и да разберам што се случи. Затоа земи воздух, диши, успеа ти момче – напиша тој во описот на фотографијата.
Манескин, пак, велат„ Со модата покажуваме храброст и слобода“.
View this post on Instagram
Фото: eurovision.tv