МОН редовно им ги уплаќал парите на општините  – Апелира училиштата да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/21 11:43 AM

МОН редовно им ги уплаќал парите на општините  – Апелира училиштата да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците

„Апелираме училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците, МОН редовно ги уплаќа средствата. Работата и посветеноста на наставниците треба да се вреднува и почитува, посебно во услови на пандемија кога сите заеднички вложивме максимални напори да имаме успешна учебна година. Министерството за образование и наука апелира до локалните самоуправи и училиштата да го почитуваат Законот и да ги исплаќаат надоместоците за прекувремена работа на наставниците“, соопштија од Министерството за образование и наука.

МОН редовно и навремено ги уплаќал блок дотациите кон локалните самоуправи, согласно динамиката со којашто тие ги доставуваат барањата.

„Исто така МОН, уште во месец октомври испрати писмо до сите училишта со кое ги потсети на законските обврски дека за наставниците кои извршуваат работни задачи повеќе од полното работно време треба да им се исплати надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени средства“, додадоа од МОН.

 

О.К.