Бидејќи повеќето туристички дестинации ги отворија границите за посетителите, Јунајтед ерлајнс дава бесплатни летови за 30 вакцинирани патници.
Оваа авиокомпанија организираше наградна игра наречена „Твојата шанса да леташ“ во која им дава на среќните добитници повратен билет за повеќе патувања и едногодишна карта за еден вакциниран добитник.
„Многу сме горди што можеме да ги охрабриме луѓето да се вакцинираат“, изјави Скот Кирби, извршен директор на авиокомпанијата.
„Пресреќни сме што можеме да им дадеме на луѓето уште една причина да се вакцинираат, бидејќи тоа е почетниот чекор што води до средби со нивните семејства“, додаде Кирби.
Натпреварот е отворено за сите членови на „United’s Mileage Plus“, како и за оние кои сакаат да станат (можат да аплицираат бесплатно за оваа програма).
Патниците за да учествуваат, потребно е да го регистрираат нивниот важечки документ за вакцинација на веб-страницата на компанијата до 22 јуни.
Соодветно на тоа, Јунајтед ерлајнс ќе дава бесплатни летови за двајца секој ден, во јуни, во која било класа што ја сакаат патниците. Сите дестинации каде летаат авионите на оваа компанија ќе бидат достапни за победниците, а натпреварот трае се до потрошување на залихите, односно додека не се распределат 30 бесплатни билети.
За да бидат работите поинтересни, по завршувањето на натпреварот, оваа авиокомпанија ќе објави пет големи награди, како и нивни добитници, кои вклучуваат едногодишна карта за двајца до која било дестинација. Добитниците на едногодишните билети се очекува да бидат објавени на 1 јули.
За крај, добитниците на едногодишниот билет ќе можат да летаат во која било странска земја, во која лета оваа компанија, сепак, победникот е должен да лета со својот пар. Вкупниот број летови на едногодишната карта е 26, што би значело дека парот може да патува секоја втора недела.
Право на учество имаат сите полнолетни граѓани.
Извор:Б92.нет