(видео) Неиплатената априлска плата ги извади на протест работниците на штипската конфекција „Алкон- текс“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 2:29 PM

(видео) Неиплатената априлска плата ги извади на протест работниците на штипската конфекција „Алкон- текс“

На протест денеска излегоа 40-тина работнички на конфекцијата „Лонгуров“, односно „Алкон – текс“ од Штип, незадоволни од како што рекоа, неисплатената плата за април. Но, не само поради задоцнетата плата, работниците реагираат и на тоа што поголем дел од нивните колеги, вкупно 110, од осми април биле испратени на принуден одмор. Ним им било кажано дека ќе бидат вратени на работа, откако ќе се создадат услови.

Работниците кои протестираа, изјавија дека ги исцрпиле сите можности да дојдат до ускратените права, поради што се решиле на ваков чекор.

-Го правиме овој протест со цел да ја информираме јавноста дека не незаконско ваквото кршење на нашите права и доцнење на плата особено во вакво време на социјално- економска и здравствена криза. Работевме во карантин, без прекини. Луѓе се разболуваа, откази се делеа, а притисокот и мобингот станаа секојдневие. Платите се намалуваат, а работа има. Се регистрираат нови фирми, а преку старите се ослободуваат од вишокот. Субвенции од државата редовно се земаат, само за нас плати нема, рече Бисера Кафтанова.

Додека работниците протестираа, излезе еден од директорите на фирма која ра боти во тој простор како и конфекцијата и кажа дека „Алкон – текс“ од април повеќе не е закупец на просторот. Работничките пак тврдат дека управителот на конфекцијата е во блиски роднински врски со сопственикот на просторот.

Работниците добија поддршка и од Хелшинскиот комитет за човекови права.

-Оваа одлука за прекин на дел од работниот процес од деловни причини работодавачот ја донел поради намалена работа и намален работен интензитет. На овие работници им беа доставени поединечни решенија за привремен принуден одмор, во кои било наведено дека за времетраењето на оваа состојба, работодавачот ќе пресметува и ќе им исплаќа плата во висина од 70 отсто. Ова значи дека овој период работниците може да примат надоместок понизок од законски предвидениот износ на минималната плата. Сепак, работодавачот не им ја исплати априлската плата во висина од 70 отсто на вработените во конфекцијата што се на принуден одмор“, соопштуваат од  Хелсиншкиот комитет.