Скандал во Италија: Тројца уапсени поради жичарницата, намерно ги деактивирале кочниците – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 10:20 AM

Скандал во Италија: Тројца уапсени поради жичарницата, намерно ги деактивирале кочниците

По завчерашната несреќа во италијанскиот регион Пијемонт во која загинаа 14 луѓе при пад на кабина од жичница, полицијата уапсила три лица, инженерот на жичарницата, директорот на службата и оперативниот шеф на службата.

Истражителите откриле дека составот на сигурносното кочење бил „наместен“ за да се избегне доцнење на жичарницата, истакна јавната обвинителка Олимпија Боси за новинската агенција АНСА.

Тројцата уапсени свесно на жичарницата го оставиле уредот кој ги деактивира кочниците во случај на нужда што значи дека сигурносниот состав не ги активирал кочниците кога пукнал носечкиот кабел.
Обвинитетите се теретат за убиство од небрежност, предизвикување ненамерна катастрофа и отстранување на инструментите за спречување на несреќата.

– Убедени дека кабелот никогаш нема да пукне, преземале ризик кој довел до фатални последици – рече Боси.

Жичарницата Мотароне која повторно е отворена пред околу месец дена откако беше запрена поради пандемијата со коронавирусот, одработила неколку денови под полна пареа со деактивирани кочници во случај на нужда.

Извор: 24sata.hr

Фото: cdt.ch