Тешко до преговори во јуни, Бугарија под силен притисок – Кучук за македонско-бугарските односи – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 8:25 AM

Тешко до преговори во јуни, Бугарија под силен притисок – Кучук за македонско-бугарските односи

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент Илхан Ќучук, зборувајќи за одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за Македониј, рече дека не треба да се очекува Македонија да ги почне преговорите во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето влада, односно во моментов таму владее техничка влада.
„Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската унија заедно“, рече Ќучук во гостувањето на ТВ 21.
Ќучук кажа дека деновиве е присустен „силен дипломатски интензитет“ во разговорите да се даде зелено светло за Северна Македонија и за Албанија.
„Има многу силен дипломатски интензитет во разговорите кои се водат и тие не се само од страна на Португалија. Се сеќавате канцеларката Меркел колку силно се обиде и политички и дипломатски да ја задвижи таа тема како дел од дневниот ред на Европскиот совет и таа успеа во голема мера, со еден мал исклучок, не успеа тогашниот Совет да даде зелено светло за Република Северна Македонија и Република Албанија. Од таа гледна точка и интересот на Европската Унија е видлив, тој е поврзан со регионалната сигурност, поврзан со присоединувањето на земјите од Западниот Балкан кон Европската Унија. Тоа одговара на категоричен начин на барањата на Урсула фон дер Лајен Унијата да биде геополитичка и затоа насоките во кои Унијата ја движи политиката се неколку: едно е разговорите, другото е политичкиот и институционалниот пат по кој сака да го зближи регионот и третиот се разбира се економските и финансиски мерки“, рече Ќучук.