Изгоре кат од куќа во тетовска Брвеница – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 7:27 AM

Изгоре кат од куќа во тетовска Брвеница

Тетовските пожарникари ноќеска гасеа пожар во куќа во Брвеница, при што е изгорен еден кат од објектот, но за среќа нема повредени. Пожарот бил пријавен околу 22 часот.

– Пожарот го зафати покривот и најгорниот кат. Ние се обидовме и успеавме да спречиме огнот да се прошири и да ја зафати целата куќа. Има огромна материјална штета, но за среќа нема повредени, изјави Ука Алити, командант на тетовската противпожарна единица.

Во гаснење на пожарот интервенирале девет пожарникари со три противпожарни возила.

МИА