Потребни состојки:
300 гр брашно
150 гр омекнат путер на собна температура
4 лажички шеќер, малку сол
на врвот од нож прашок за пециво
1 кесичка ванилин шеќер
1 јајце
1/2 литар млеко
2 кесички пудинг од чоколадо
70 гр чоколадо со висок процент на какао
7 лажички шеќер
80 гр путер
5 полни лажици лешници
Подготовка:
Измешајте ги брашното, ванилин шеќер, прашок за пециво, шеќер, малку сол, путер, јајце и измесете мазно тесто. Завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер.
За тоа време направете го полнењето. Искршете го чоколадото.
Загрејте го млекото, измешајте го пудингот и шеќерот и одземете доволно од вкупната количина на млеко за да ги промешате пудинг правот и шеќерот во мазна смеса без грутки. Истурете го пудингот во зовриено млеко и додадете го искршеното чоколадо, па сварете сè заедно додека смесата не се згусне. Потоа тргнете го од оган и веднаш додадете го путерот. Измешајте сè добро и оставете ја смесата да се олади, мешајќи ја неколку пати или покријте ја со проѕирна фолија, со цел да се избегне зафаќање на кора на површината.
Лешниците ситно исецкајте ги.
Поделете го тестото на два дела. Раширете го првиот дел од тестото на хартија за печење со големина на мал плех (25х35 см), прелијте го со зготвениот чоколаден фил, па посипете дел од лешници врз чоколадниот фил, а потоа изрендајте дел од тестото, потоа завршете со остатокот од лешници и трошки од тесто.
Печете на 180 степени, околу 40 минути. Посипете со шеќер во прав по желба или посипете со малку глазура од чоколадо.
Извор:Стил.курир.рс