Горан Гаврилов има голем придонес во развојот на медиумската сцена, рече Биљана Петковска, директока на МИМ – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 5:17 PM

Горан Гаврилов има голем придонес во развојот на медиумската сцена, рече Биљана Петковска, директока на МИМ

Денес во хотелот „Александар Палас“ беа доделени новинаркските награди на Македонскиот институт за медиуми, кои се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите за  унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. На доделувањето директорката на МИМ, Биљана Петковска се осврна и на ликот и делото на Горан Гаврилов, неодамна починатиот сопственик на радиото Канал 77 и веб порталот Македонски медиа сервис.

-Во име на Институтот, во оваа прилика би сакала да го истакнам придонесот на неодамна починатиот Горан Гаврилов, наш голем пријател и соработник во поддршката во новинарските истражувања и огромниот придонес што Горан ни го даде за развојот на медиумската сцена во нашата земја. Тој самиот, заедно со новинарите од радиото знаеше да се  ангажира во истражувачкиот процес   за да обезбеди релевантни информации за публиката. Вечна слава, рече Биљана Петковска, директорка на МИМ.