Започна масовна вакцинација во Велес – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 4:24 PM

Започна масовна вакцинација во Велес

Денеска во спортската сала на Средното училиште ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес започна масовна вакцинација, за заштита од Ковид-19.

Од 10 до 16 часот вакцинирани се 400 граѓани со вакцина на „Астра Зенека“ од која се добиени илјада дози, а за утре се најавени и илјада дози од кинеската „Синофарм“. На овој пункт опремен со 15 кабини, а на кој работат шест доктори и осум медицински центар од ЈЗУ Здравствен дом освен од Велес, се врши и вакцинирање на жителите Градско, Чашка и Лозово.

На овој масовен вакцинален пункт денеска се вршеше прво вакцинирање, додека ревакцината е на пунктот каде што ја примиле. Тие појаснија дека засега вакцинацијата оди без проблеми, информираа од тимот на ЈЗУ „Здравствен дом“.

Во работата на пунктот освен од локалната власт има и волонтери на Општинскиот Црвен крст, припадници на Армијата и СВР Велес.

Воедно утре ќе се продолжи и со ревакцинација и на пунктот кој и претходно работеше  во Здравствен дом Велес, и тоа на  лица кои таму веќе ја  примиле прва вакцина.

МИА