Радев: Приоритет за споделување на вакцините ни е Северна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 9:39 AM

Радев: Приоритет за споделување на вакцините ни е Северна Македонија

За Бугарија приоритет е споделувањето на вакцините со Северна Македонија и региононот, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев пред почетокот на вториот ден од ЕУ самитот во Брисел кој е посветен на борбата против ковид-19 и климатските промени – јави дописничката на МИА од Брисел.

-Ќе разгледаме механизмот за споделување на вакцини од држави членки кон трети земји, за Бугарија приоритет е западниот Балкан со Северна Македонија на врвот – изјави Радев.

Тој вчера се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен со која разговарал за Северна Македонија, јавија вчера бугарските медиуми. Радев вчеравечер пред почетокот на самитот на ЕУ порача дека од неговите колеги ќе побара солидарност и разбирање за специфичностите на секоја земја членка.

Денешниот и последен ден од ЕУ самитот ќе биде посветен на борбата против ковид-19, вакцинацијата и сертификатите кои треба да овозможат слободно движење за граѓаните на ЕУ пред почетокот на туристичката сезона.

Радев предупреди дека овие сертификати не треба да создадат нови бариери, обврски и дискриминација помеѓу граѓаните на ЕУ.

МИА