ЕБУ потврди: Тестот за дрога на Дамиано Давид е негативен – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 9:51 PM

ЕБУ потврди: Тестот за дрога на Дамиано Давид е негативен

Европската радиодифузна унија пред неколку часа потврди дека тестот за дрога на Дамиано Давид е негативен. Да биде тестиран побара и пејачот, тврдејќи не се дрогирал, туку само се наведнал, бидејќи гитаристот на бендот Томас скршил чаша.

Се тргна од саботата кога на Твитер, а потоа и на другите социјални мрежи се појавија обвинувања дека фронтменот на групата Манескин  во Зелената соба, додека се одржуваше гласањето на финалето на Евросонг, користел кокаин.


-По обвинувањата за употреба на дрога во Зелената соба на големото финале на Евровизија во саботата на 22 мај, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), како што побара италијанската делегација, изврши темелно разгледување на фактите, вклучително и проверка на сите достапни снимки . Беше направен и тест за дрога и тоа на барање на пејачот на групата, и тој покажа дека е негативен. Во Зелената соба не се користела дрога и сметаме дека случајот е затворен, велaт од  ЕБУ и додаваат:

-Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и постигнувањата на изборот и имаа нефер влијание врз групата. Уште еднаш им честитаме на ‘Мансекин’и им посакуваме огромен успех. Со нетрпение очекуваме соработка со нашиот член Раи за организирање на спектакуларниот натпревар за песна на Евровизија во Италија идната година, се вели во соопштението на ЕБУ.

По соопштението на ЕБУ на својот Инстаграм профил се  објасни и Дамиано.

-Ете, напиша тој кратко и јасно.

Фото: eurovision.tv