Млад Британец потрошил над 14 илјади долари за да личи на куклата Кен – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 2:30 PM

Млад Британец потрошил над 14 илјади долари за да личи на куклата Кен

Дваесет и двегодишниот Британец, Џими Федерстон потрошил оклу 14.150 долари на пластични операции. Само минатата година ги зголемил усните и си ги „украсил“ забите , но не мисли да престане. Неговата цел е да биде што посличен со куклата Кен.

„Кен изгледа неверојатно добро“, изјави Федерстон додавајќи дека отсекогаш сакаш да се истакне и да биде поразличен од останатите.

Тој смета дека бил таков и претходно, но во последно време му се допаѓа таквиот пластичен изглед, благодарение на кој се разликува од другите.

„Знам дека тоа не изгледа убаво за секого, но не ми е гајле. Го правам она што ме прави среќен“, вели дваесет и двегодишниот, кој ужива во раскошниот живот и впечатливата облека. П повод својот роденден, тој неодамна организирал и раскошна забава со торта на три ката.

„Беше многу отмено и апсолутно неверојатно“,  изјавил тој опишувајќи ја својата роденденска забава. Тој истакнал дека отсекогаш уживал во убави и луксузни работи, па на 16-годишна возраст го напуштил училиштето и се врабтил за да може да заштеди за своите операции.

„Некои можеби не веруваат, но јас напорно рабтев за да го добијам она што сега го имам“, изјавил тој за Fox News, додавајќи дека наскоро планира да се појави и во едно британско реално шоу, каде би сакал да пронајде партнер и повторно да се заљуби. Имено, тој неодамна ја прекинал тригодишната врска со маж кој бил 40 години постар од неа.

Без оглед на бројните критики поради изгледот и љубовта кон пластичната хирургија, тој вели и дека понатаму ќе го прави она што го сака.

„Ако луѓето зборуваат за мене, мора да сум направил нешто добро“, заклучува „британскиот Кен“.

Извор: vecernji.hr