Вкупно 317 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се хоспитализирани: Над 500 болнички кревети во ковид центрите веќе се празни – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 9:41 AM

Вкупно 317 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се хоспитализирани: Над 500 болнички кревети во ковид центрите веќе се празни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 186 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, соопштија денеска од Министерството за здравство.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 34 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 16 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 5, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти – додаваат од МЗ.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 317 и има околу 565 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, соопштија здравствените власти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Од Министерството за здравство тврдат дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.