Две примени дози вакцина против ковид-19 се еднакво ефикасни против индискиот сој како и против доминантниот британски сој, соопштија британските власти.
Британскиот министер за здравство, вели дека тоа се значајни податоци и оти постои се поголема надеж за укинување на ограничувањата.
Студија за јавното здравје од Британија покажува дека вакцината на Фајзер делува 88 отсто на индискиот сој две недели по втората доза, додека 93 отсто е ефикасна против доминантниот британски сој.
Две дози на АстраЗенека пак, се 60 отсто ефикасни против индискиот сој, а 66 отсто против британскиот.
– Мислам дека сме на добар пат, бидејќи овие податоци покажуваат дека вакцината по две дози е еднаквао ефикасна и против индискиот сој, вели министерот Мет Ханкок.
Според владините планови укинувањето на преостанатите ограничувања поради коронавирусот треба да се случи по 21 јуни.
Британија инаку има најбрза европска програма за вакцинирање досега, но се соочи со нов предизвик поради ширењето на индискиот сој на коронавирусот.
Податоците покажуваат дека новите случаи на коронавирус во Британија се зголемиле за 10,5 отсто за седум дена, до 22 мај.
извор: н1