Писмото на Алберт Ајнштајн рачно напишано, на кое се наоѓа неговата позната формула E = mc2 продадено е на аукција за повеќе од 1,2 милиони долари, што е трипати повеќе од очекуваниот износ, соопшти аукциската куќа RR Auction од Бостон.
Архивистите од Програмот на Ајнштајновите документи од Институтот за технологија во Калифорнија и Еверјскиот универзитет во Ерусалим, тврдат дека на светот постојат уште само три познати примероци каде што Ајнштајн познатата формула ја напишал со рака.
Од RR Auction наведуваат дека овој последен примерок е единствен кој се наоѓа во приватна колекција и за него само што се дознало, пренесува „Гардијан“.
Аукциската куќа очекувала дека писмото ќе биде продадено за околу 400.000 долари.
-Тоа е важно писмо и од холографски аспект и од аспект на физиката, изјави потпретседателот на аукциската куќа, Боби Ливингстон.
Купецот на писмото бил анонимен колекционер на документи.
Извор:
politika.rs
Фото:
biography.com