Едно лице почина, а 4 лица се ранети во напад со нож во Амстердам, главниот град на Холандија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што полицијата го објави на социјалната мрежа Твитер се наведува дека едно лице со нож нападнало 5 лица во улицата „Фердинанд Болстраат“ во Амстердам.
Полицијата информираше дека едно лице починало на местото на настанот, а 4 ранети се хоспитализирани, при што напаѓачот е фатен и приведен.
Напаѓачот е лице на 29-годишна возраст, но полицијата не даде податоци за неговиот идентитет.