Пациентите не се оставени без инсулин, од вторник инсулински продукти во аптеките, најавуваат од МЗ – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 2:41 PM

Пациентите не се оставени без инсулин, од вторник инсулински продукти во аптеките, најавуваат од МЗ

Пациентите не се оставени без инсулин, во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, не се издаваа истите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму напоменуваат дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што од вторник ќе се надмине кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите.

-Од почетокот на пандемијата до денес Министерството за здравство се погрижи во секое време терапијата за пациентите со дијабет да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имаше недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка. Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава, стои во соопштението на МЗ.