„Кога се сетив како ја изгубив својата мајка, не сакав да ја изгубам и мојата сопруга“ – Хари раскажа за депресијата на Меган Маркл – ММС
ММС

Објавено на: 05/21/21 10:37 AM

„Кога се сетив како ја изгубив својата мајка, не сакав да ја изгубам и мојата сопруга“ – Хари раскажа за депресијата на Меган Маркл

Војвотката од Сасекс во интервјуто кое го даде кај Опра Винфи го спомена периодот кога имала лоши мисли, а нејзиниот сопруг сега отворено зборува на оваа тема.

Принцот Хари повторно пред камерите разговараше со Опра Винфри и зборуваше за маките кои Меган Маркел и тој ги имале додека биле во позиција на високи членови на кралското семејство.

Овој пат се присети како дознал за проблемите на својата сопруга, додека била во поодмината бременост.

– Се подготвувавме за концерт. Таа беше во поодмината бременост. Ми пријде и ми рече, јас сум во депресија, длабока депресија. Планирам да си го одземам животот, еве и како, рекол Хари.

Во интервјуто насловено „Јас кога не можам да видам“ тој истакна дека во многу ситуации Меган пиела лекови.

– Тоа што најмногу ме застраши беше јасноста на нејзиниот ум, нејзините мисли. Таа точно испланирала и како ќе го направи тоа во поодмината бременост, објасни војводата од Сасекс и се потсети на својата болка, губитокот на неговата мајка.

– Веќе изгубив една жена која беше мојот свет. А сега имам уште една жена која носи наше дете, вели дека сака да умре. Најстрашно ми беше што и понатаму бевме дел од тоа семејство, од таа приказна. По нејзиното признание, моравме да седне во автомобил и да одиме на концерт.Како што се изгасија светлаат во салата, така таа почна неконтролирао да плаче., ова го кажа Хари во разговорот со Опра Винфри.

 

Извор: Еспресо.рс