Видеолотарија Касинос Австрија преку донација ваучер во вредност од 50.000 евра го поддржува фудбалскиот клуб Академија Пандев. Оваа донација е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот и негување на спортската култура кај нас.
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да посветува внимание на македонскиот спорт и да го помага, а нашиот најнов пријател е фудбалскиот клуб Академија Пандев. Нивната посветена работа со млади фудбалери и значајните резултати на сениорскиот тим, одлучивме да ги наградиме со ваучер донација во вредност од 50.000 евра. Се надеваме дека овие средства ќе претставуваат добредојдена помош во едно тешко време кое станува предизвик за секој субјект во општеството, особено во спортот.
Академија Пандев успешно ја оствари својата примарна цел за оваа сезона во македонската Прва лига, да избори опстанок. Академија Пандев го освои седмото место на табелата со биланс од 12 победи, 16 порази и пет нерешени. Тоа изгледаше далечен потфат на почетокот на сезоната, кога екипата беше на дното на табелата, работите не функционираа според желбите, но еден импулс за успешна работа беше доаѓањето на Александар Васоски како тренер. Поранешниот македонски репрезентативец ја презеде клупата пред почетокот на пролетната полусезона и резултатите од неговата работа се очигледни.
Оваа најнова донација на Видеолотарија Касинос Австрија е дел од посветеноста на компанијата кон промовирање на вредностите поврзани со спортот. Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал. Од март годинава, наши заштитни лица се: Горан Пандев, Кире Лазаров, Едина Муса, а не го забораваме ни Игор Стефановски-Иџе, зад чии спортски предизвици стоиме веќе неколку години по ред. Годинава сме горди бидејќи станавме и партнер на македонската фудбалска репрезентација, која ова лето ќе ја претставува нашата земја на Европското првенство.
Видеолотарија Касинос Астрија како општествено одговорна компанија постојано се обидува да придонесе со низа активности, настојувајќи да одговори на молбите за поддршка кои пристигнуваат до нас.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно
Спонзориран текст.