Потребни состојки:
400 мл слатка павлака
1/8 лажичка сол
2 јајца
150 гр шеќер
450 гр сецкани јагоди
Половина лажичка сок од лимон
Слатката павлака и солта во сад ставете ги да се зготват на оган, а потоа тргнете ги од огинот.
Во посебен сад изматете ги јајцата со половина шеќер, па додадете го топлиот крем, истурете го полека со непрекинато мешање.
Вратете г садот и гответе на ниска температура, не дозволувајте да загори.
Гответе со постојано мешање, додека не се згусне.
Оладете го филот на собна температура и повремено мешајте, најмалку два часа.
Додека се лади филот, во блендер изматете ги јагодите со преостанатиот шеќер и сок од лимон, додека не се изедначи.
Смесата процедете ја и ставете ја во изладениот фил, па измешајте.
Ставете го сладоледот во саканиот сад и ставете го во замрзнувач.
Извор: Стил.курир.рс/Фото:Shutterstock