Фановите на серијата „Пријатели“ низ социјалните мрежи и бројни портали оставаат загрижени коментари откако го гледаа видео интервјуто на славните шестмина по повод претстојниот специјал што ќе се емитува на 27 мај.
Имено, радоста поради повторното обединување на „Пријатели“ ја засени однесувањето и изгледот на Метју Пери, односно славниот Чендлер во серијата. Тешко беше да не се забележат неговото пелтечење, нејасен говор, како и неговиот збунет изглед и фактот дека најмалку зборуваше во споредба со остатокот од тимот – Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.
„Само што го видов интервјуто и не можам да верувам како изгледа Метју Пери … сериозно ми го крши срцето“, „Мене ми е лошо да го гледам Пери вака, тој изгледа потполно исклучен, само гледа во празно и зборува полека, „Го мразам тоа што го зборувам, но тажен сум и се плашам за Метју Пери “,„ Проклетство, погледни го Метју Пери во интервју за „Пипл“, се само некои од коментарите.
Оваа состојба на Метју е последица на долготрајната борба со зависноста од дрога и алкохол, но и сериозно нарушена здравствена состојба. Тој зборуваше отворено во неколку наврати, па дури рече и дека не се сеќава на снимањето на „Пријатели“ во периодот помеѓу 3-та и 6-та сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=HRXVQ77ehRQ
Извор: Курир.рс