Мицкоски не разговарал со Капушевски за отровното гориво, упати Заев да одговори дали се чул со Анѓушев – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 2:14 PM

Мицкоски не разговарал со Капушевски за отровното гориво, упати Заев да одговори дали се чул со Анѓушев

По наодите од сторијата на ИРЛ за увозот на опасно отпадно гориво што потоа се користело во болниците и индустријата како мазут, еден од споменуваните бизнисмени, кои според овие наводи е увозник, е Ратко Капушевски, некогаше функционер од ВМРО ДПМНЕ. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, случајот го нарече „срам за институциите“ а „тие луѓе најжестоко да бидат казнети“. На прашањето дали по излегувањето на овој скандал разговарал со Капушевски, Мицкоски упати вакво прашање да му поставиме на Зоран Заев, чиј некогаш потпретседател во владата, Кочо Анѓуѓев, исто така е споменат дека неговата фирма е дел од овој случај.

-Па и Кочо Аншушев е мој колега. Не успеав и него да го прашам. Можеби треба повеќе Зоран Заев да го прашате, бидејќи беше негов вицепремиер кога оваа афера е актуелна. Инаку, ние имаме повеќе од 80.000 активни членови и јас навистина немам контакт со господинот Капушевски што го споменавте. За жал, немам можност на дневна основа тие илјадници членови да ги комуницирам. Но, еве, го повикувам Зоран Заев, да исконтактира со мојот колега Кочо Анѓушев и да го праша дали ова е виситина и ако не е вистина, тогаш тие што ја снимиле таа сторија ќе треба да дадат свое мислење. Но ако е вистина, да бидат преземени најригорозни мерки и тие луѓе да бидат изведени пред лицето на правдата, одговори Мицкоски.

На прашањето за ставот за овој изнесен скандал со отпадниот енергенс, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го осуди овој однос и побара најостра осуда за инволвираните луѓе.

-Тоа е навистина срамно и за секаква осуда, и тие луѓе треба да бидат најжестоко казнети. Тоа не само што е нехумано, туку немам зборови со кои можам да го осудам овој потег, ако е точно тоа во емисијата. Ако е така, тие лица треба веднаш да бидат изнесени пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

Капушовски и Анѓушев се дел од имињата што се споменуваат како инволвирани во увозот и продажбата на отровниот енергенс, кој е забранет за користење во ЕУ, а според наодите на новинарите се користел во болници и индустриски објекти во Скопје и Кавадарци.