Двајца стружани си присвоиле парцела покрај брегот на Охридското Езеро и поради тоа им е поднесена кривична пријава, информираат од ОВР Струга.
– Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „загадување на животната средина и природата“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.К.(42) и В.К.(40), двајцата од струшкото село Велешта. Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското Езеро во Струга, на 03.03.2021 година ангажирале лица кои со градежна механизација извршиле насипување и тампонирање на нивното земјиште но и на површина што е во државна сопственост. Притоа, узурпирале 1372 метри квадратни државно земјиште а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет, стои во соопштението на ОВР Струга.