Пиете ли доволно вода? Што се’ укажува дека сте дехидрирани? – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 11:04 AM

Пиете ли доволно вода? Што се’ укажува дека сте дехидрирани?

Секој ден неопходно е да внесувате најмалку два литра вода, но на вашето тело можеби ќе му биде потребно и повеќе од тоа. Дехидратацијата на организмот може да биде причина за бројни здравствени проблеми. Иако секој организам е различен, без внесување два литра течности на дневно ниво не треба да заминете на спиење. Водата претставува природна „хидратантна крема“ за кожата.

Кои се најчестите показатели дека на вашиот организам му е потребна поголема количина вода

Често сте гладни

Луѓето кои внесуваат доволно течности во телото подолго време се чувствуваат сити. Доколку често сте гладни и имате потреба нешто да грицкате, дополнителна чаша вода би можела да ви помогне.

Имате главоболки

Дехидратацијата би можела да доведе до главоболки, па и до мигрена. Ако главоболките ве мачат често, можно е да не пиете доволно вода. Иако можеби сте се наспале, без доволно вода, ќе се чувствувате уморно.

Чувствувате жед

Жедта е првиот очигледен знак дека треба да пиете повеќе вода, тоа е знам дека постои одреден степен на дехидратација. Кога доаѓа до тоа, доаѓа и до поголема концентрација на електролити поради што се јавува жед.

Имате запек

Доколку не внесувате доволно течности во телото, може да имате проблеми со запек. Водата му помага на целиот процес на варење, вклучувајќи го и празнењето на цревата.

Кожата ви е сува

Ако забележите дека кожата ви е сува, обидете се да пиете повеќе вода бидејќи така ќе ја хирдирате кожата.

Чувствувате умор

Дури и да сте наспани, ако не пиете доволно вода, може да почувствувате умор. Недостигот на вода може да ве направи позбунети и да ви ја намали концентрацијата.

Промена на бојата на урината

Нормалната боја на урината е бледо жолта, но доколку стане потемна, тоа е знак дека треба да пиете вода повеќе.

 

Извор:            informer.rs