Индискиот сој на коронавирусот нема да се прошири низ светот: Вирусологот Ана Глигиќ вели нема причина за страв – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 9:50 AM

Индискиот сој на коронавирусот нема да се прошири низ светот: Вирусологот Ана Глигиќ вели нема причина за страв

 

Индискиот сој на коронавирусот не треба да ги плаши граѓаните – смета вирусологот Ана Глигиќ. Индиската влада соопшти дека „двојно мутиранот коронавирус“ е откриен во март и најверојатно е причина за вториот бран кој тешко ја погоди земјата. Сепак, Глигиќ смета дека се претерани известувањата за оваа ситуација.

-Мислам дека има претерано такви известувања. Ритуалот Фестивал на водата кој во таа земја се одржува од јануари до април, а за кој тие веруваат дека ќе им донесе одредени придобивки кога се собираат во реката Ганг е „виновник“ за ширењето на вирусот – додава таа.

Тие се собраа во толку голем број и ја испровоцираа ситуацијата – забележува докторката.

-Сами се виновни за епидемиолошката слика, која секако не е убава. Во Индија има многу сиромашни граѓани, тоа е одлична подлога за ширење на вирусот кој ја бара најслабата точка за го продолжи своето размножување – вели Глигиќ. Според неа,  причината за ширењето на ковид-19 таму е непочитувањето на епидемиолошките мерки.

„Во таа вода си дишеа едни со други во врат. Да се вакцинираа, а не се вакцинираа, ќе беа заштитени од мутираните вируси и ситуацијата ќе беше поразлична“, нагласува таа.

Според вирусологот, имуниот систем на граѓаните во Индија е загрозен.

„Тие немаат доволно количина храна. Нивниот имунитет не може да функционира како кај луѓето кои днвно внесуваат доволно храна. Мојот внук беше во Индија и ми кажа дека ситуацијата таму воопшто не е убава“, додава докторката.

За веројатноста индискиот сој да се прошири низ светот таа вели дека тоа нема да се случи, со оглед дека вакцинацијата е брза. Проблематичен е јужниот дел на Азија поради густата населеност  и нискиот стандард на живеење, но и поради неедуцираното население – смета вирусологот.

Глигиќ истакнува дека нема место за страв.

„И да го добиеме индискиот сој јас не се плашам бидејќи веќе имаме голем број вакцинирани и заболени. Имаме околу 5 милиони луѓе со антитела, а тоа е солиден ѕид да ја сопреме секоја мутација. Сите вакцини ќе штитат од мутанти – вели Ана Глигиќ.

 

Фото:  PrtScr / N1

Извор:  espreso.co.rs