Ставете една состојка во водата и ќе добиете најдобар еликсир за здравјето – Пијалок кој прави чуда! – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/21 9:41 AM

Ставете една состојка во водата и ќе добиете најдобар еликсир за здравјето – Пијалок кој прави чуда!

Многу е едноставно од вода да се направи не само вкусен туку и здрав пијалок. Доволно е да додате малку овошје, велат експертите. Станува збор за една кришка лимон, а нутриционистите велат дека лимонската киселина има бројни предности.

Го зајакнува имунитетот

Водата со лимон во редвната исхрана ја олеснува борбата против болестите благодарение на својствата на цитрусот кој го зголемува имунитетот, велат ескпертите.

– Еден лимон има околку 30 милиграми витамин Ц, што е околу 20 отсто дневна препорачана количина, вели нутриционистот Алисија Галвин

Витаминот Ц е добар за имунолошкиот систем и делува како антиоксидант.

Го намалува ризикот од појава на камен во бубрезите

Каменот во бубрезите не е само болка туку е и болест која ги напаѓа голем број на луѓе. Според студиите кои се објавени во списанието “European Urology”, 8,8 отсто од возрасните во текот од животот се соочиле со овој проблем.

За среќа со редовно пиње вода со лимон во голема мера го намалува ризикот од оваа појава.

Ја подобрува кожата

Витаминот Ц и лимонот помага во синтезата на колагенот што прави кожата да изгледа млада и здрава.

Помага за намалување на килограмите

– Водата со лимон може да помогне да се чувствувате слабо, посебно ако ја испиете по оброкот, вели нутрициониската Џесика Бајпен.

Конзумирајте вода со лимон пред и за време на оброкот и може да ви помогне  во намалување на килограмите и во смалување на внесот на калории.

 

Извор: Мондо.рс