На бензиска пумпа ќе се вработат братот и таткото на Верица Белчовска, девојчето чии органи беа донирани и спасени повеќе животи – ММС
ММС

Објавено на: 05/19/21 2:09 PM

На бензиска пумпа ќе се вработат братот и таткото на Верица Белчовска, девојчето чии органи беа донирани и спасени повеќе животи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил утрово се пофали дека на преку донатори се обезбедило вработување на таткото и братот на Верица Белчовска, чии органи беа донирани и спасени повеќе животи.

-Утрово се сретнав со семејството на младата Верица Белчовска чии органи беа донирани и спасија животи. Најмалку што можеме да сториме за овие неизмерно хумани луѓе е да им помогнеме. Преку донатори се обезеди вработување за таткото и братот на Верица, а на почетокот од месецов, Владата им  додели на користење стан во општина Струмица. Белчовски донесоа одлука која нема цена, тие на сите ни покажаа што значи да си човечен, ова семејство во моменти кога го изгубија најмилото, мислеа како да спасат други животи, за што сите сме им вечно благодарни, напиша Филипче.

ММС контактираше со братот на Верица, МАртин, кој исто така ни потврди дека тој и татко му добиле вработување.

-Да, сега од први јубни јас и татко ми треба да почнеме со работа. Тој на бензинска пумпа во Струмица, јас на бензинска пумпа во Берово.  Сестра ми си продолжи да работи во кладилница, а мајка ми во маркет во Струмица. Засега од министерството ни рекоа дека ќе ни биде подмирена киријата во Струмица за три години, но сега бараме малку поголем стан, бидејќи овој сега е премногу мал. За сруги не знаеме сеуште,  ќе видиме деновиве, рече Мартин Белчовски за ММС.

Од ветувањата засега ништо добро не виде семејството на Емилија Динева, кое веќе подолг период живее со 250 евра плата од татко им Миле.  Емилија Динева од Дојран е првата, чие срце беше донирани и направена првата трансплантација во Македонија. На ова семејство во мај минатата година цела држава им се поклонуваше, но потоа остана заборавено.

(В.М.)