Младиот и исклучително талентиран фудбалер на Челзи, Били Гилмор, се најде на списокот на фудбалери на селекторот на шкотската фудбалска репрезентација за претстојното Европско првенство.
Деветнаесетгодишниот играч за врска и лани во времето на Френк Лампард, но и сезонава под палка на Томас Тухел, шансата во првиот тим на овогодинешните финалисти во Лигата на шампионите ја добиваше во самиот финиш на истата, но против тешки опоненти преку кои „се пече занаетот“.
Секако, процесот за постојан првотимски статус во голем клуб од Премиер Лигата е подолг од вообичаено, а од клубот од западен Лондон не брзаат, знаејќи каков дијамант имаат во своите раце.
Сепак ограничената минутажа на младиот Гилмор, не го спречи токму некогашниот асистент на Жозе Мурињо во Челзи, Стивен Кларк, да го повика следниот месец и да му даде заслужена шанса во походот на Шкотите кон добар резултат на големите натпреварувања.
Billy Gilmour’s reaction to being called up to Scotland 👏🏴pic.twitter.com/BAiWegqkSQ
— CFC-Blues (@CFCBlues_com) May 19, 2021
Објавувањето на списокот на селекторот Кларк, Гилмор го проследи пред ТВ приемникот. Без никакви претерерувања, глума, чудни реакции. Сосема природно и спонтано, Гилмор со насмевка „од уши до уши“ го прослави индивидуалниот успех. Сето тоа низ објективот на неговиот соиграч од Челзи, Бен Чилвел, кој всушност и ги сподели овој видео-материјал на социјалните мрежи.
Гилмор и Чилвел ќе се соочат од 11-ти јуни во групната фаза од Европското првенство, додека друштво во групата Д ќе им прават селекциите на Чешка и Хрватска.
д.ј
Фото: