(Видео) Македонија не влезе во финале на Евросонг – Заврши првата полуфинална вечер – ММС
ММС

Објавено на: 05/18/21 10:26 PM

(Видео) Македонија не влезе во финале на Евросонг – Заврши првата полуфинална вечер

Заврши првата полуфинална вечер од 65. Издание на Изборот за песна на евровизијата, на која беа одбрани првите 10 финалисти. А првата земја финалистка беше Норвешка, втората е Израел, потоа Русија, Азербеџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина. Македонија, која годинава ја претставуваше Васил Гарванлиев со песната „Here I Stand„ не успеја да се да се пласира во финалето иако имаше супер, поразличен настап од другите, но очигледно немал доволен број гласови. Немаа среќа за влез во финале и Словенија и Хрватска, кои исто така настапуваа вечерва.

-Благодариме од срце што ни испративте толку љубов и поддршка откако го видовте настапот на Васил. Ова беше неверојатна евровизиска приказна што заврши со настап со кој сите може да се гордееме. Васил доминираше на сцената и ние се чувствуваме како победници затоа што ја претстави Македонија на највисоко ниво. Се надевам дека Васил донесе среќа и оптимизам во секој дом во нашата земја и сте задоволни што бевме дел од ваква спектакуларна музичка вечер што ја обединува Европа. Васил ја даде сета своја енергија и страст на сцената за својата земја. И покрај тоа што нема да бидеме дел од финалето Македонија покажа дека може да се натпреварува на највисоко интернационално ниво. Една земја ќе го понесе трофејот на крајот, но сите останати заедно ја соеднија Европа заедно по страшната пандемија која ни се случи, ни рече шефицата на македонската делегација Александра Јовановска.

Кој за кого гласал вечерва и на втората полифунална вечер ќе се знае дури по завршување на финалето. Тоа е практика на Евросонг за да не се знае кои се фаворитите од полуфиналињата, што би можеле да влијаат врз резултатот во финалето.

Вака така со големо исчекување по минатогодишното одложување поради пандемијата, помина првата полуфинална вечер на Евросонг. Малку поразлична од сите години до сега, иако тоа не телевизиските екрани не можеше баш  да се забележи. Секојдневните тестови придонесоа внатре во салата да личи како некогаш иако на учесниите строго им беше забрането да се дружат. Пандемијата ја спречи претставничката на австралија да допатува во Европа, па нејзиниот настап беше проследен од снимка.

Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.