Имаше многу крв – Пијана мајка на фудбалер се истепала на стиптиз журка – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 9:41 PM

Имаше многу крв – Пијана мајка на фудбалер се истепала на стиптиз журка

Синовите честопати  се жалат дека нивните мајки знаат да ги посрамотат, но Клер Фоден (41) подигнала сè на повисоко ниво и нејзиниот син Фил секако се вцрвенува.

Мајката на ѕвездата на „Манчестер Сити“, новиот шампион на Англија, направила инцидент во Стокпорт за време на стриптиз, предизвикала тепачка и го извлекла подебелиот крај, судејќи според приказната за сведок од таа вечер, богата со алкохол.

Стокпорт се наоѓа на околу десетина километри од Манчестер и имало приватна забава, на која имало стриптиз, во чест на роденденот на пријателката Клери Фоден. Несреќниот стриптизер само што се соблекол, според англиските медиуми, а околу него летале шишиња и започнала тепачка помеѓу две возрасни жени. И сè затоа што Клер барала цигара на Кети Скит. Не и се допаднало тоа и нешто дофрлила, па затоа мајката на Фоден веднаш започнала да ја удира, на што Кејти одговори со  гризење.


„Имаше крв насекаде“, рекол еден сведок.

Фудбалерот на  Сити не се огласил уште, но за негова среќа сезоната заврши и што финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи за само 12 дена, а дотогаш се ќе се смири …

Извор: vecernji.hr