(фото)Пехарот на македонскиот шампион во фудбал во рацете на Али Ахмети – ММС
ММС

Објавено на: 05/17/21 7:48 AM

(фото)Пехарот на македонскиот шампион во фудбал во рацете на Али Ахмети

Политика и фудбал или фудбал и политика? Тоа се главните коментари во прилог на фотографиите на кои дел до раководството на владејачката албанска партија ДУИ на чело со лидерот Али Ахмети ја слават шампионската тутитула на ФК Шкендија од Тетово. На фотографиите се и претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби и градоначалничката Теута Арифи, во друштво на раковдството на ФФМ и на раководството на тимот.

Натпреварот меѓу Шкендија и Шкупи во рамките на ПМФЛ го следеше и инцидент со упад на навивачката група „Балисти“ на  тетовскиот стадион, каде поради пандемијата е забрането присуство на публика.  Тетовската полиција најави кривични пријави:

-Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“, соопшти СВР Тетово.

Натпреварот од последното коло на ПМФЛ меѓу Шкендија и Шкуп заврши нерешено (1-1).