Делегати на конгресот од Куманово реагирале затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не бил кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.
На прес-конференцијата по завршувањето на Конгресот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека делегати од Куманово предложиле градоначалникот на Куманово да биде член на Централниот одбор.
„ Потоа се јави Максим Димитриевски за дискусија и се повлече, зошто како што рече бил неколку пати член на Централниот и Извршниот одбор и извршува висока функција, градоначалник на Куманово,“ одговори Заев на новинарско прашање.
Димитриевски се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и рекол дека како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму и додал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.