Филипче, Царовска, Спасовски и Битиќи нови потпретседатели на СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 05/16/21 7:52 PM

Филипче, Царовска, Спасовски и Битиќи нови потпретседатели на СДСМ

Венко Филипче и  Фатмир Битиќи се двајцата новоизбрани потпретседатели на СДСМ. Функциите во оваа тело ги задржуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за обрзование, Мила Царовска.

Неофицијално, Љупчо Николовски останува генерален секретар, а Мартин Попов е новиот организациски секретар. Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово е претседавач со ЦО.

Од членовите на Владата, во ЦО влегоа Фатмир Битиќи, Венко Филипче, Мила Царовска, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Димитар Ковачевски… Нови имиња се и директорот на ФЗОМ Стево Крстевски, Никица Бачовски, директор на Платежната агенција, Диме Коцев, директор на болницата во Кавадарци… Од актуелните градоначалници, во ЦО е избран и Стефан Богоев од Карпош, како и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Од пратениците, во ЦО избран е и Костадин Костадинов, а останува и поранешната пратеничка Тања Томиќ.

Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ останува досегашниот претседател на ова тело, Горан Сугарески, кој е сега директор на Царинската управа, а меѓу новите членови се Викторија Мадиќ и Бајрам Мустафов.

Како што најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на работниот дел на Конгресот, за сите одлуки и избраните челенови на раководните тела, јавноста ќе биде запозната на прес-конференција по официјалното завршување на Конгресот, кој започна денеска во 13 часот.