Никогаш не можете да погрешите со сезонскиот зеленчук, па затоа измешајте сè што имате во еден подлабок сад и добивате енергетска салата која успешно ќе се избори со пролетниот замор.
Шарена салата
Потребни состојки:
- 1 врзувалче рукола
- 1 мала црвена зелка
- 2 млади моркови
- Неколку листови зелена салата
- 1 топче моцарела
- 3 тврдо варени јајца
- Неколку тенки листови пршута
- Ротквици
- 2 лажици сок од лимон
- Маслиново масло
- Сол, бибер
- Подготовка:Зеленчукот добро измијте го и исечкајте го на ситни парчиња. Морковот може да го изрендате. Моцарелата и јајцата исечете ги на коцки. Зачинете, промешајте и на крај декорирајте со листовите пршута.
- извор-црнобело.мк