СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултати – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 7:18 AM

СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултати

Како што Македонија се приближува кон Европската унија и НАТО, расте извозот, се зголемуваат странските инвестиции

Економските политики на Владата, планот за економски раст, заедно со политиките за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО даваат резултати.

Објавените податоци потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линија, расте извозот, индустриското производство, се зголемуваат странските инвестиции, растат платите.

Извозот на стоки од Република Македонија во првите шест месеци од 2018 годината бележи раст од 26,5 проценти.

Покрај зголемениот извоз од 26.5 проценти, во јуни оваа година забележан е рекореден индустиски раст од 12.1 проценти, а продолжува и растот на платите.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година.

Се очекува позитивните трендови дополнително да се засилат, значително да сеинтензивираат со полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Граѓаните знаат, членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ носи сигурност и повеќе пари.

На референдумот, граѓаните ќе кажат историско ДА за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција кој го гарантира и македонскиот идентитет.

 

Извор:МИА