Голем број затвореници во бегство по нападот изведен во затвор во нигериската држава Абија – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 10:54 PM

Голем број затвореници во бегство по нападот изведен во затвор во нигериската држава Абија

По оружениот напад врз уште еден затвор во нигериската јужна држава Абија, пријавено е бегство на голем број затвореници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, неидентификувани вооружени лица го нападнале затворот во областа Бенде во државата Абија.

При нападот бил подметнат пожар во затворот, а голем број затвореници се во бегство.

Минатиот месец беше нападнат затворот во местото Овери во нигериската држава Имо

Во оружениот напад на затворот во местото Овери, главниот град на нигериската држава Имо, изведен на 6 април, избегаа 1.844 затвореници, а 50 возила беа запалени.

Ваквите напади во јужниот дел на Нигерија повремено извршува сепаратистичкиот Домороден народ на Бијафра (IPOB).

Во операциите спроведени на 29 март уапсени се 16 члена на Домородниот народ на Бијафра (IPOB), кои со себе имале пиштоли и бомби.

Милиони лица ги загубија животите во граѓанската војна што избувна во 1967 година, кога луѓето во Бијафра дигнаа востание барајќи формирање на независна држава Бијафра во јужна Нигерија.

Република Бијафра, основана во 1967 година на југоисточниот дел на државата, на крајот на граѓанската војна повторно е ставена под суверенитот на Нигерија.

Домородниот народ на Бијафра (IPOB), што Нигерија го прогласи за терористичка организација, сака да воспостави независна држава.