(ФОТО) Аргентинската убавица на Miss Universe се прошета со дресот на „гаучосите“ со ликот на Диего Армандо Марадона – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 10:01 PM

(ФОТО) Аргентинската убавица на Miss Universe се прошета со дресот на „гаучосите“ со ликот на Диего Армандо Марадона

Веста за смртта на веројатно најголемиот фудбалер на сите времиња, во ноември минатата година предизвика огромна тага ширум светот. Од навивачи и љубители на спортот, до музичари, филмски ѕвезди, политичари, религиски водачи. Сите му оддадоа чест на ликот и делото на човекот кој ја надрасна самата игра и остави траен печат во светската историја.

Колку Диего Армандо, особено во животот на секој еден Аргентинец, влегол под кожа, кажува и презентацијата на мисот на Аргенина на Miss Universe натпреварувањето, Алина Луз Акселрад.

Аргентинската убавица помеѓу џет-сетот во Флорида, САД, се прошета во неверојатно невообичаен аутфит. Имено, Алина ги изненади присутните излегувајќи на модната писта облечена во фудбалски шорцеви со бројот 10 и своевидна реплика на дресот на фудбалската репрезентација на Аргентина со ликот на Диего Армандо Марадона.

-Мојот изглед е инспириран од чиста пасија која нас не обединува како народ. Од тоа кога излегуваме надвор да одговараме на прашањето „Меси или Марадона“, е тоа е Аргентина, изјави таа.

Дваесет и тригодишната манекенка ги остави сите нерамнодушни, а истовремено со оддавањето на честа ги придоби фудбалските фанатици и во Јужна Америка, но и на сите континенти.

-Немав привилегија да го гледам додека игра, но заедно со моето семејство ги рекреиравме преку приказни сите негови игри, голови и неговата маестралност на теренот. Тој носеше радост во животите на луѓето, додаде Алина.

Диего Армандо Марадона на 60-годишна возраст почина на 20 ноември, 2020 година, во Буенос Аирес.