Спомен плочата поставена кај тетовско Вејце, одборот на бранители ја најде скршена и фрлена во бездна – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 6:43 PM

Спомен плочата поставена кај тетовско Вејце, одборот на бранители ја најде скршена и фрлена во бездна

Одборот на бранители ја најде спомен плочата скршена и фрлена во бездна поставена кај тетовско Вејце, во чест на осуммината македонски бранители, кои животот го загубија за време на воениот конфликт во 2001 година.
Спомен плочата со напишаните имиња на Македонските бранители, кои животот го загубија во месноста Брезовица на патот кон тетовското село Вејце беше поставена на 28 минатиот месец.
Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители, вели дека денеска го посетил местот и ја затекол плочата искршена и фрлена.

 

Оттаму истакнаа дека со сквернавање на спомен плочи, не се гради едно општество за сите.

-Точно е тоа дека јас го повикав вицепремиерот Артан Груби да овој пат смогне сили, не за да помогне да имаме соживот, затоа што соживот ние имаме, туку да смогне сили да бидеме едно општество за сите, односно да делува превентивно за да не се случуваат вакви работи. Се надевав дека овој пат тоа нема да се случи и тоа беше мотив да отидам дали е таа плоча на тоа место, но видовме дека плочата е скршена, рече Марин Најдов од Одборот на бранители.

И покрај сквернавењата, од Одборот на бранители, порачуваат дека тие нема да се откажат од чествувањата и понатака ќе поставуваат плочи на места каде македонските херои ги дале своите животи, за време на воениот конфликт во 2001 година.

Од СВР Тетово, велат дека е пријавен случајот за сквернавењето на спомен плочата кај тетовско Вејце, испратен е екипа која има извршено увид и се работи на целосно расветлување на случајот.

 

Зоран Димовски

 

Фото:

netpress.com.mk