Го променив тестаментот за секој случај – Познатата пејачка едвај го преживеа коронавирусот – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 1:04 PM

Го променив тестаментот за секој случај – Познатата пејачка едвај го преживеа коронавирусот

Пејачката Пинк неодамна открила детали за својата борба со коронавирусот.

Кога минатата година ги добила резултатите на кои пишувало дека е позитивна на Ковид-19, не била сигурна дали ќе ја преживее болеста бидејќи симптомите кои ги имала биле сериозни. Толку се исплашила што одлучила дека е време да го промени тестаментот.

-Беше навистина силно, многу лошо, толку што го променив тестаментот, открила Пинк во интервјуто на радио станицата „Heart“. За среќа, сопругот и ќерката Виола останале здрави, но таа истакнува дека имало моменти кога мислела дека е се готово за неа и нејзиниот тригодишен син Џејмсон.

-Ја повикав најдобрата пријателка и и реков само дека морам да и кажам на Вилоа колку ја сакам. Беше застрашувачко, додала таа.

Пинк претходно открила и колку сериозни биле проблемите кои ги имал нејзиниот син Џејмсон и нагласила дека неговите симптоми биле насериозни.

-Имаше висока температура три недели и пролив, додатно следеше и затворање. Беше блед и летаргичен, а сето тоа се работи кои мајката можат да ја избезумат, објаснила Пинк.

Во гостување кај Елен Деџенерис објаснила како вирусот ја присили да користи лекови за да се избори со астма:

-Имав јаки напади од астма кои неколку пати доведоа до тоа да морам да одам во болница, ќе се разбудев во текот на ноќта и не можев да земев воздух. Пумпица за астма ја користев така првпат во животот после 30 години. Не можев без неа да функционирам и тоа беа моменти кога ми беше најмногу страв.

Извор: Стил.курир.рс