Маж од Белград го опиша своето искуство од „ординација“ каде докторот се преставил како естетски хирург, а тој всушност бил месар.
Клиниката во која оперирал лажен пластичен хирург е затоврена, а против него ќе се подесе кривична пријава.
Исповед на жртвата за лажниот хирург кој се школувал за месар ја запрепасти јавноста, а во РТС се јавил и маж кој бил негова жртва. Белграѓанинот иако и сам е медцински работник на време не ја препознал измамата, но последиците и тоа како ги почувствувал бидејќи самопрогласениот хирург правел интервенција за која тој не ни сакал.
– Ме дочека соба полна со дипломи, убава ординација во самиот центар на градот, рекол тој и кажал дека направена му е интервенција за која не ни сакал да се прави.
– Та интервенција сама по себе е ризична, поготово ако се враќаат масните наслаги, што инаку не се прави. Може да предизвика белодробна амболија и моментална смрт. Интервенцијата прилично и многу чинеше, вели еден од пациентите.
– Сметката ја добив во вид на некоја индиго хартија, не знам ни како да ја наречам. Не сакам да коментирам ни кој антибиотик ми е препишан, јас сам го заменив. Лекот само со неговиот рецепт без проблем го купив во државна аптека, вели пациентот и додава дека последно што лажниот хирург му рекол било „не знам што да ти кажам’.
Катерина Лијовиќ, пациентка од Загреб, неодамна гостувала во Утринската програма, а фотографиите од нејзиното лице ги запрепасти гледачите, како и исповеста за резулатите од операцијата.
– Не работеше сам, цела лекарска екипа работи со самопрогласениот доктор. Неизвесно е дали се тие вистински лекари и дали се пријавени во комра. По зборовите на самите жртви, лекарите кои работеле со него имаат лиценца, но не е познато дали се тие измамени или свесно биле дел од екипата.
Случајот моментално го водат адвокати од Загреб, а повеќе кривични пријави се предадени и во српското обвинителство.
Извор: Мондо.рс