Принцот Хари гостувал во популарниот подкаст „Armchair Expert“ чиј водител е холивудскиот актер Декс Шеперд во кој открил досега непознати детали од животот.
Животот во кралското семејство го спореди со животот на Труман Бурбенк, главниот лик од познатиот филм „The Truman show“, кој камерите го следат во секој чекор од раѓање а неговиот живот милиони гледачи го пратат во реалити.
-Кога Меган за прв пат дошла во Лондон, договоривме средба во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познаваме, си праќавме пораки. Луѓето ме набљудуваа, ми упатуваа чудни погледи, доаѓаа до мене да ме поздрават. На глава имав капче, гледав во подот и се обидував да не бидам забележан, рекол принцот Хари.
Својот живот го опишал како комбинација на Труман-шоуто и зоолошка градина. Признал дека се чувствувал како никогаш да не се вклопил во кралското семејство и дека често се чувствувал беспомошно.
-Тоа е работа, зарем не? Насмевнете се и одете понатаму. Имав само 20-тина години кога размислував дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го работам тоа. Погледнете што и направи тоа на мојата мајка. Како некогаш ќе создадам семејство, ако знам дека тоа повторно ќе се случи, рекол Хари признавајќи дека тогаш имал психичка криза бидејќи не ја преболел смртта на саканата мајка.
-Видов како тоа изгледа зад сцената, знаев како функционира цела работа и не сакав да бидам дел од тоа, рекол тој.
Во 2014 година го започнал спортскиот настан „Invictus Games“ и сфатил дека помагајќи на другите си помага себе си.
Хари исто така открил дека Меган го охрабрувала да побара помош од психотерапевт, бидејќи постојано бил лут поради константното и агресивно мешање на медиумите во неговиот живот.
-Кога почнав да одам на терапија се чинеше како балонот да пукна. Извлеков глава од песокот, добро ја протресов и сфатив дека сум на привилегирана положба, да престанам да се жалам и да престанам да размислувам дека сакам нешто различно. Сфатив дека морам да применам некои работи, бидејќи неможам да излезам. Се запрашав како да ги направам работите поинакви, како да ја направам мајка ми горда и да ја искористам платформата да направам реални промени, рекол тој.
Во интервјуто Хари го споменал и неговиот татко, принцот Чарлс велејќи дека „пател“ поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета. Рекол дека принцот од Велс кон нив се однесувал како што се однесувале спрема него, нарекувајќи го тоа генетска болка.
-Не би требало никој да го обвинуваме, ниту да впреруваме прст во некој, но кога е во прашање родителствот, ако сум доживеал некој облик на болка или патење поради болка кои ги претрпеле мојот татко или моите родители, јас ќе се погрижам да го прекинам тој циклус, така што да не го пренесувам понатака, рекол тој.
Извор: Стил.курир.рс/Фото:Профимедиа