Пред да ја уклучите климата, направете го ова: Поради една грешка може да настане пожар – ММС
ММС

Објавено на: 05/14/21 10:52 AM

Пред да ја уклучите климата, направете го ова: Поради една грешка може да настане пожар

Каква клима да купите, која е најдобра и дали е во ред да купите половен уред и колку често треба да се сервисира?

-Како и секој уред, квалитетното одржување и чистење го продолжуваат рокот на траење. Загревање, ладење, сите се тоа функции кои ги врши и тоа многу економично. За домашни услови, минимум два пати годишно, а за комерцијални неколку пати годишно, во зависност од бројот на луѓе и просторот, рекол Неџо Пештерац во утринска емисија на Прва.рс.

Ако квалитетно вградиме клима, можеме долги години да ја користиме, крајните корисници гледаат само да виде евтино, но за истата цена можат да добијат квалитетна монтажа ако на време се јават во некој сервис, а не да чекаат среде сезна кога сите „трчаат“ да ги средат или да купат клима.

Мај е време кога треба да ја подготвите климата, да ја исчистите, за да може да работи за време на летото.

Ако климата се одржава и чисти, дали се намалува бројот на сервиси во летото.

-Преку 85 проценти од тој ризик се намалува, од некој дефект кој бара поправка. Превенцијата е многу важна, ако корисникот забележи дека нешто не е во ред, мора да повика сервис. Корисникот мора да знае дека внатрешната единица длабински, антибактериски се чисти, рекол Пештерац.

-Не го знаете нејзинто потекло, колку работела, дали е сервисирана.. Тоа е комплексен уред, има компресор со фреон, работи на струја, се што е поврзано со струја и има можност од дефект или пожар, мораме да бидеме внимателни. Тоа е евтино решение, на изглед, но на крајот може да биде навистина скапо, рекол тој.

-Често ме прашуваат, колку често треба да се менува фреонн во автомобил, фреон не треба да се менува. Ако постои проблем во системот, ако испута, треба да се реши тој проблем. Фреонот не треба да се менува, туку дополнува ако системот негде испушта, рекол тој.

Извор: Република.рс